Предности од користење пегла без кабел
- Подвижност
- Заплеткан кабел
- Тежина
- Безбедност
Подвижност
Користењето на пегла без кабел ви овозможува да пеглате каде и да посакате. Гледајте ги омилените ТВ емисии додека пеглате и направете тоа да биде искуство за уживање.
Заплеткан кабел
Со годините, кабелот може да се извитка и да формира чворови што прави ракувањето со пеглата да биде потешко. Избегнете кабелот да се заплеткува околу ногарката од даската за пеглање или да се преплетува од погрешната страна и поминете повеќе време на пеглање отколку на поставување на работите во вистинска позиција. Пеглата без кабел ви овозможува да ја користите вашата пегла така како што посакувате.
Тежина
Може да не изгледа дека тежи многу, но отстранувањето на тежината од кабелот ја олеснува работата. Полесна пегла значи повеќе енергија за да се пегла побргу.
Безбедност
Пеглањето без кабел ги отстранува многуте опасности кои доаѓаат заедно со домашните обврски. Нема повеќе заплеткани кабли или сопнување преку нив и ризици од повреди.