Самонаводнувачки стартер садови за семиња
Направете брзо и лесно, еколошки сад за семиња и наводнување.
Потребно ви е:
- Пластични шишиња со капачиња
- Почва
- Семиња
- Памучен конец
- Направете отвор во центарот од капачето и исечете една жица во должина од околу 45 см. Преклопете го и заврзете јамка на другиот крај.
- Вметнете го конецот/жицата во дупката од капакот од шишето со тоа што чворот да биде во внатрешниот дел од капачето. Ова ќе ја повлече водата нагоре од садот кој е долу и ќе ја насочи во земјата. Растението ќе земе само тоа што му треба и со тоа влагата во земјата ќе биде совршено регулирана.
- Ставете го капачето назад кај врвот од шишето и ставете го врвот од шишето кај подножјето. Додека растението расте и ја користи водата вие можете да го подигнете врвот за да додадете повеќе кај подножјето отколку врз земјата. Додека земјата се суши водата ќе биде вшмукана преку жицата во садот.
- Украсете го вашето шише (по желба), а потоа додадете ја земјата и семињата.
- Потребно е првиот пат да ставите вода во земјата од горниот дел со цел да се осигурате дека е влажна и дека жицата е исто така влажна.
- Чекајте... :)