Совети за професионално чистење на секоја подна површина
Дрво
Прво да се отстрани правта со микрофибер крпа, а потоа да се испрска со благ раствор за чистење соодветен за дрво и да се пребрише со сува крпа.
Да не се користи раствор од оцет и вода кој може да го избледи дрвото.
Ламинат
Да се всмука правта или да се измети, а потоа да се користи џогер со благ раствор за чистење. Да се избрише преостанатата влага со сува крпа.
Да не се потопува подот со раствор за чистење затоа што ламинатот може да се подигне.
Линолеум
Да се брише редовно со средство за чистење, а за да се одржи сјајот, пребришувајте го со специјално средство за линолеум на секои два до шест месеци. Нанесете два слоја, со тоа што ќе почекате првиот да се исуши, па потоа ќе го нанесете вториот слој. На крај пребришете со мека крпа.
Редовно перете ја и убаво исцедете ја крпата.
Керамички плочки
Пребришете со топла вода и средство за чистење на плочки, а потоа користете сува крпа за да се апсорбира водата која се собира кај меѓупросторот од тулите.
Да не заборавите да чистите детално на секои неколку месеци; да се истрие талогот со мека четка за заби и раствор за чистење талог.
Бетон
Отстранете ги флеките од маснотии на бетонот со користење на тврда четка и топла вода која е помешана со алкален отстранувач на флеки кој го емулзира маслото. Потоа измијте со црево.
Доколку треба да го исчистите декоративниот бетонски под кој е во внатрешноста од вашиот дом, едноставно пребришете го со раствор од вода и оцет.