Совети и трикови за пареење на лицето
- Измијте го вашето лице и отстранете ја шминката – пареењето ги отвора порите и затоа е важно вашата кожа да е чиста. Лицето да не се сктрафолира пред пареењето бидејќи тоа може да ја зголеми можноста парееењто да ја иритира кожата.
- Подгответе ја водата – или во сад или вашиот личен пареач за лице. За малку подобар ефект додадете некои мириси па дури и вреќички од чај.
- Држете го вашето лице врз пареата околу 10 минути. Затворете ги очите и дишете длабоко, притоа овозможувајќи и на топлината да го разбуди вашето лице и да ги отвори порите.
- Следниот чекор е да се користи маска за да се извлечат нечистотиите од вашите отворени пори. Глина или маска од мед може да функционира добро и дозволете таа да стои на вашето лице околу 15 минути пред нежно да ја измиете со млака вода. Ако не сакате да ставате маска едноставно измијте го вашето лице со свежа вода откако сте завршиле со пареењето.
- Време е повторно да се затворат порите! Направете така после третманот за да не навлезе повторно нечистотии во порите. Користењето на тонер после пареењето ќе помогне вашето лице да биде исторнирано и свежо – јаболков оцет е одличен природен тонер – испробајте го!
- Последниот чекор од третманот врз вашето лице е да ставите хидрантна крема за да вашето лице биде хидрирано. Стаевете ја вашата омилена крема или обидете се со масло за омекнување на лицето како што е кокосво масло, јојоба масл или арганско масло. Посветете внимание на состојките кај маслата за да проверите дали се тие природни и да немаат некакви штетни хемиски адитиви.
Кога се брзате многу
Ставете ги сите состојки во шише со спреј и протресете. Малку испрскајте кај збрчканите делови, и дозволете малку да се исуши (треба да биде влажно). Потоа сте спремни за продолжите!