Нема производи во вашата кошничка.

Историјатa на Rovus

Историјатa на Rovus

Почетоците на овој бренд датираат уште од 2005 година кога Студио Модерна го забележува потенцијалот на производите за чистење. Така се разбуди идејата за развој на нов бренд – Rovus, кој полека, но сигурно се пробива на пазарот.

Првиот производ кој го развивме и претстаивме на пазарот е еден од најуспешните производи од споменатата категорија – правосмукалката ROVUS AQUA POWER. Овој производ наиде на одличен одговор од нашите купувачи благодарение на гаранцијата дека обезбедува 99% почист и посвеж воздух во домот. Нејзината популарност беше навистина оправдана, затоа што, во тоа време ова беше една од најнапредните правосмукалки, со најиновативен систем за водена филтрација и надоградена со неколку стандардни филтри и еден ХЕПА филтер. Заедно со унапредувањето на технологијата, производот беше надоградуван уште два пати до 2013 година, но успеа во тој период да ги освои срцата на голем број купувачи кои ги вреднуваат сите предности на чистиот дом.

Успехот на брендот Rovus е поддржан и со фактот дека сме продале повеќе од 300.000 производи во изминатите години. Позитивните коментари кои ги добивме од нашите купувачи ни отвори нови деловни можности за понатамошен развој. Ние целиме кон задоволување на потребите на нашите купувачи имајќи предвид дека тие сакаат и очекуваат иновативни, ефикасни и уникатни производи кои би го направиле чистењето полесно, поефикасно и, најважно од се, значително би го скратиле времето за чистење. Со лансирањето на нов производ во 2008, Апаратот за пеглање на пареа, ROVUS навлезе во нова категорија со комплетно нов тренд – вертикално пеглање на пареа.
Нашата прогресивност доведе до развој на новата генерација на Rovus производи – робот правосмукалките SMART POWER, кои претставуваа поекономична верзија во однос на ваквиот тип на правосмукалки достапни на пазарот.

Понатамошна експанзија на брендот следеше во 2014 со лансирањето на BLUEPOWER G1 колекцијата. Целата колекција се состоеше од високо иновативни производи – од мултициклонски и рачни правосмукалки, роботи, до чистачи на пареа и уникатни производи за чистење на прозорци.

Rovus денес и во иднина

Развојот на брендот како и зголемувањето на лепезата на производи кои се нудат на пазарот, беа неверојатно прифатени од страна на купувачите, што секако не охрабри да продолжиме на овој пат и да лансираме повеќе од 50 нови производи од различни категории.

Следеше подобрената BLUEPOWER G2 колекција, прошираната понуда на производи од линијата GOLD, како и нови производи од линиите за чистење, подобрување на квалитетот на живеење, итн.

Во иднина, Rovus ќе продолжи на купувачите да им нуди уште поиновативни производи од сите категории. Работиме и на претставување на производи од областа на лична нега, за целосно да ги задоволиме потребите на нашите потрошувачи.
Во текот на сите овие години Rovus успева да напредува на својот пат и да ја следи главната цел, а тоа е олеснување на сечие секојдневие; ROVUS – ЗА ПОЛЕСЕН ЖИВОТ...

2005

Развој на Rovus

2006

Прв производ – ROVUS AQUA POWER правосмукалка

2008

Претставување на апаратот за вертикално пеглање - Garment Steamer

2014

Нова колекција BLUEPOWER G1

2016

Лансирање на најпродаваниот производ: Rovus SprayMop

2017

Лансирање на Handy Heater – апаратот за загревање

2018

Лансирање на Аrctic Cooler – апаратот за разладување

2019

Најава за голем број на нови производи од сите категории